Илјадници Канаѓани потпишаа петиција за одземање на државјанството на Маск

Илјадници граѓани потпишаа петиција за одземање на канадското државјанство на Илон Маск поради тензиите меѓу администрацијата на Трамп и Канада.

Петицијата, која почна да прифаќа потписи пред шест дена, го обвинува Маск дека дејствува против националните интереси на Канада и го поткопува нејзиниот суверенитет.

Во Канада, државјанството може да се одземе само ако некој извршил измама, ги фалсификувал своите информации или свесно ги сокрил информациите за барање за имиграција или државјанство. Маск, кој е роден во Јужна Африка, има и канадско и американско државјанство.

Одговарајќи на петицијата, милијардерот му напиша на Х: „Канада не е вистинска земја“. Објавата подоцна беше избришана, јавува Би-Би-Си.

Петицијата, која беше покрената на 20 февруари, а веќе беше потпишана од повеќе од 250.000 Канаѓани, останува отворена за потпис до 20 јуни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното