Илон Маск бара оставка од Олаф Шолц поради нападот во Магдебург

Илон Маск побара оставка од германскиот канцелар Олаф Шолц по синоќешниот напад во германскиот град Магдебург, во кој загинаа дете и возрасен, а 68 беа повредени.

Американскиот милијардер Илон Маск , кој се подготвува да влезе во владата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како странски советник, денеска го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да поднесе оставка по синоќешниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Ројтерс.

„Шолц треба веднаш да поднесе оставка. Неспособна будала“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е длабоко шокиран од нападот.

„Франција ја споделува тагата на германскиот народ и ја изразува сета своја солидарност“, напиша францускиот претседател на социјалната мрежа Х. Италијанската премиерка Џорџија Мелони исто така рече дека е длабоко шокирана од овој „брутален напад“.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок исто така изрази сочувство до роднините на жртвите од нападот.

„Моето најдлабоко сочувство до жртвите и нивните семејства. Ви благодарам на итните служби и на луѓето кои им помогнаа“, напиша Бербок на X, изразувајќи го својот шок од снимката од местото на настанот.

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази сочувство, а италијанскиот премиер Џорџија Мелони рече дека е шокирана.

САД се шокирани и тажни од смртоносниот напад со автомобил на божиќниот пазар во Источна Германија синоќа, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

„САД се шокирани и тажни од трагичната вест од Магдебург, каде што најмалку две лица загинаа, а 68 се повредени“, изјави портпаролот Метју Милер, уверувајќи дека Вашингтон е подготвен да и пружи помош на Германија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното