Еден од најпознатите балкански парови, Анџела Игњатовиќ и Михајло Веруовиќ, попознати како Бресквица и Војаж пред некое време ставија крај на својата љубов, но и понатаму се главна тема во медиумите.
Верните фанови дури направија и петиција за нивно смирување.
Сега Војаж во интервју за српски Телеграф истакна дека му било тешко поради раскинувањето на врската, но не поради притисокот на јавноста.
„Во тој момент ми беше тешко, не поради тоа што не се навикнав на притисокот на јавноста туку поради раскинувањето, поради тоа што тој момент ти не си со оној кој го сакаш и тоа е проблем, а не тоа што зборуваат луѓето“, вели тој.
Тој откри дека во моментов не чувствува љубов кон Бресквица, но и дека плачел по прекинот на врската.
„Не верувам дека љубовта уште трае…Сигурно има почит, затоа што тоа е личност со која поминав три години од животот, така да, таа има неизмерна почит од моја страна, но мислам дека љубовта исчезна. Поточно, не мислам, знам. Секако дека имаше солзи, бев многу заљубен, тоа само човек без емоции и без душа нема да пушти солзи кога се завршува. Човечки е да се расплачеш“, додава тој.
Војаж ја прокоментира и новата песна на Бресквица со назив „Среќен пат“.
„Добра е песната, гледам дека супер помина и мило ми е што успеа да се врати на сцената. Видов и многу коментари за делот во песната каде што таа вели дека е подобра од некоја, луѓето мислат дека ја изневерив, но тоа не е точно. Тоа е веројатно некој момент на уметничка слобода“, вели пејачот.
