Сите знаеме колку јапонското јаболко е здраво за нас. Содржи голема количина на хранливи материи: витамини А, Б и Ц, јод и железо, а особено е корисно во овој период на годината затоа што го подобрува имунитетот и нервниот систем. Исто така, му помага на организмот да се заштити од разни инфекции
Затоа денеска ви носиме рецепт за пудинг од јапонски јаболка.
Се што ви треба се 2 јапонски јаболки и какао.
Исецкајте ги јаболките, додајте 2 големи лажици какао, а потоа ставете ги во блендер.
Откако ќе ја направите смесата, истата оставете ја во фрижидер 15-20 минути.