Индија: Автобус со 57 патници се запали, 19 лица загинаа

Најмалку 19 лица загинаа попладнево во западната индиска држава Раџастан кога автобус се запали, објави индискиот медиумски сервис NDTV, повикувајќи се на полицијата.

Индискиот државен сервис NDTV објави дека автобусот превезувал 57 патници на рутата од Џајсалмер до Џодпур кога од задниот дел на возилото се појавил чад, објавува Ројтерс.

Возачот го запрел автобусот покрај патот, но пожарот го зафатил целото возило за неколку минути.