Летот на ракетата беше неуспешен, па така астрономите од Индија не успеаа во својата намера да постават сателит во земјината Орбита.
Имено, се работи за уред што би испраќал фотографии во реално време и ќе ги следи циклоните, како и други потенцијални природни катастрофи.
Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО) објави дека техничката грешка се случила во третата, последна фаза по лансирањето во вселенскиот центар Шрихарикоти, во јужна Индија, а сателитот требало да биде геостационарен, што значи дека ќе се движи околу Земјата со истата брзина со која ротира планетата.
Планот беше и да се соберат податоци за земјоделството, шумите и поморските патишта.
„Бидејќи третата фаза беше неуспешна, (ракетата) не ја достигна брзината со која ќе се издигнеше во орбитата. Ќе се врати на Земјата во одреден миг, а повеќе подробности ќе знаеме подоцна“, изјави индискиот астроном Палава Багла.
Инаку, ова е веќе четврти неуспех во 14-те лансирања на ракети со геостационарна платформа од 2001 година досега, наведува „Економик тајмс“.
Индија има амбициозна вселенска програма со децениско истражување што создаде можност за развој на сателити, комуникации и технологии кои би помогнале да се решат секојдневните проблеми во домаќинството – од движења на риби, до предвидување бури и поплави.
Владата одреди рок до 2022 година за испраќање на првите астронаути во вселената.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година