Инфлуенсерите… може сериозно да му наштетат на вашето здравје

Инфлуенсери можат сериозно да му наштетат на здравјето на населението со пренесување на многу погрешни информации за медицинските тестови на социјалните медиуми како што се Instagram и TikTok.

Ова го покажа новата меѓународна студија објавена во „JAMA Network Open“ предводена од експерти од Универзитетот во Сиднеј.

Истражувачите анализираа околу 1.000 објави за пет контроверзни медицински дијагностички тестови кои беа промовирани од Инфлуенсери на социјалните мрежи на нивните речиси 200 милиони следбеници. Како што видоа, повеќето од објавите немаа референца за научни докази, во суштина беа рекламирање, беа јасно поврзани со финансиски придобивки и не ги спомнуваа можните ризици од дијагностички тестови.

Но, кои беа медицинските тестови што ги презентираа инфлуенсерите? Тие вклучија скенирање на целото тело со магнетна резонанца, генетски тест кој открива рани знаци на 50 видови на рак, тестови на крвта за проверка на нивото на тестостерон, тест на анти-милеровиот хормон кој ги покажува резервите на јајце клетки на жената и тест на цревниот микробиом. Според експертите, овие тестови се поврзани со ограничени докази за нивните придобивки и може да доведат до прекумерна дијагноза.

Врз основа на студијата, 85% од објавите не спомнаа потенцијални недостатоци или ризици од тестовите. „Овие типови на тестови можат да ги доведат здравите луѓе до непотребни дијагнози и непотребни третмани, како и да влијаат на нивното ментално здравје“, истакна д-р Никел.

Според наодите, врз основа на анализа на 982 објави на Instagram и TikTok:

  • 87% ги претставиле придобивките од тестовите, но само 15% пријавиле потенцијална штета.
  • Само 6% го спомнале ризикот од прекумерна дијагноза или непотребни третмани.
  • Само 6% наведоа научни докази, додека 34% се потпираа на лични приказни за да ги промовираат тестовите.
  • 68% од инфлуенсерите и другите сопственици на сметки на социјалните медиуми имаа финансиска корист од рекламирањето на тестовите.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното