Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против полициски инспектор од Полициското одделение во Македонска Каменица, кој предизвикал пожар додека бил на работа. Настанот се случил на 27 август, кога инспекторот Д.С. во старо метално буре запалил хартија од службени материјали, а огнот се проширил на сувата трева и стигнал близу до објектот на одделението.
Од МВР соопштуваат дека против него, покрај кривичната пријава за „предизвикување општа опасност“, ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка поради кршење на работниот ред и дисциплина.
Случајот е проследен до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.