Трендовите за шминкање се менуваат, и затоа од поранешниот мат изглед се префрливме на сјајни и посвежи завршетоци.
Како што се менуваше шминката на тенот, така и техниките на шминкање на очите се движеа кон „зачаден“ изглед на очите.
Ако преферирате потемни очи или конечно ве охрабруваат да пробате вакви техники, тогаш најдобро е да црпите инспирација од стиловите на шминкање на познатите дами, а една од нив може да биде Клои Кардашијан.
Еве 3 стилови на шминка што можат да ве инспирираат:
- Нагласени трепки и затемнета долна линија со зачаден горен очен капак
2. Ајлајнер и зачаден капак со посветла кафеава нијанса и темно долен капак.
3. Светло -кафеава сенка со изразен надворешен агол на окото.