Инстаграм ни „помогна“ да измислиме место кое не постои – еве како настануваат овие фотографии

Социјалната мрежа Инстаграм ни откри бројни преубави локации низ целиот свет, за кои можеби никогаш не би слушнале.

Откако ќе откријат некоја добра локација, познатите инфлуенсери веднаш прават добри фотографии, а големи се шансите подоцна да видиме стотина фотографии баш на истото место.

Една од локациите која брзо се прошири на оваа платформа е и „Вратата од рајот“, а всушност во реалниот свет не постои истото место кое може да се види на фотографиите.

Се работи за храмот Lempuyang Temple на Бали, а ако верувате на Инстаграм, на едно место постојат два столбови и кристално чисто езеро кое се соединува со небото.

Додека инфлуенсерите позираат по можност во традиционална облека и во некоја наместена поза, нивниот одраз во водата креира волшебна фотографија.

Постои само еден проблем – таму воопшто не ни има езеро.

Познатото езеро, всушност, е парче стакло поставено под камерата на телефонот.

Новинарка Полина Маринова пишува дека „ова е доказ дека инфлуенсерите се уништуваат“.

„Моите соништа и надежи се уништени откако дознав дека водата кај Вратата на рајот е парче стакло под телефонот“, вели таа.

Но, се чини дека никој нема ништо против овие лаги. Лажната фотографија станала туристичка понуда, а за неа се чека во ред и по два часа.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.