Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот.
Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.
Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.
Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.