Ријалити ѕвездата и бизнисменка Ким Кардашијан се најде во незавидна положба откако сфати дека нејзиното семејство нема да може да го избегне познатото видео од секс меѓу неа и раперот Реј Џеј од 2002 година, но и уште неколку …
Семејството Кардашијан неодамна имаше ново реално шоу, кои ги снимија за платформата Хулу, едноставно наречени „Кардашијан“. Во премиерната епизода публиката имаше можност да ја види Ким како плаче затоа што нејзиното минато го најде патот до нејзиното семејство.
Имено, во моментот кога нејзиниот шестгодишен син Сеинт и покажува игра на нејзиниот iPad, лицето на Ким за момент потемнува, а потоа и најавува на својата сестра Клои дека ќе ја тужи компанијата која го користи нејзиниот лик и минато за рекламирање.
Ким подоцна објасни дека видела фотографија од нејзиното заплакано лице, што дополнително води до „супер несоодветно и досега необјавено видео од секс“.
– Бидејќи сум мајка, последно што сакам е 20 години подоцна да ми се врати минатото. Ова е многу непријатно и сега морам да се справам со тоа. Да беше син ми малку постар, да знаеше да чита, ќе се згрозев. Умрев внатре – искрена беше Кардашијан.
Подоцна во разговор со нејзиниот адвокат беше спомнато дека има повеќе домашни снимки, односно дека менаџерот на нејзиното поранешно момче Реј Џеј тврди дека и таа има видео од секс од Санта Барбара.
– Не знам што имаат. 20 години ми виси над глава. Тоа беше грешка. Или не. Тоа беше мојот дечко. Бевме на одмор и снимавме – вели Ким.
