Вчера попладне, на 8 ноември 2025 година, во 15 часот, во ОВР Струга било пријавено пукање од огнено оружје.
Според пријавата, инцидентот се случил во близина на угостителски објект лоциран на регионалниот пат Калишта – Струга.
Едно лице, кое било сопатник во патничко возило „БМВ“, го отворило прозорот и испукало еден проектил од пиштол во воздух. Веднаш потоа, возилото продолжило да се движи во правец кон Струга.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и лицата кои се превезувале во него.
По целосно расветлување на настанот, … ќе биде поднесена соодветна пријава.