Службите за итни случаи пристигнаа на аеродромот Пирсон во Торонто по инцидент што се случи за време на слетувањето.
Аеродромот објави на X дека инцидентот вклучувал лет на „Делта ерлајнс“ кој пристигнал на меѓународниот аеродром од Минеаполис. Службите за итни случаи работат“, се додава во соопштението за медиумите.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа превртеното летало.