Инцидент на стрелиште: Полициски службеник се повредил со службен пиштол

На 20.02.2025 во 13.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека по завршување на боево гаѓање на стрелиште во касарна Ѓорче Петров, полициски службеник случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил на раката.

Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош.

За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на негово расчистување.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното