Инцидент во гостиварско село: Маж следел, вознемирувал и се заканувал на жена и малолетно дете

На 23.03.2026 во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.