Македонија

Инвестиција во младите: Општина Ѓорче Петров доделува 10.000 денари ваучер за полагање на возачки испит

Инвестиција во младите: Општина Ѓорче Петров доделува 10.000 денари ваучер за полагање на возачки испит

Општина Ѓорче Петров официјално го објави јавниот повик за доделување субвенции во износ од 10.000 денари за полагање на возачки испит, наменет за млади лица кои за првпат аплицираат.

Со оваа мерка, општината продолжува со конкретна поддршка на младите, овозможувајќи им полесен пристап до возачка дозвола – значаен чекор кон поголема мобилност, независност и подобри можности за вработување.

Градоначалникот истакна дека вложувањето во младите е клучен приоритет: „Создаваме услови младите да напредуваат и да имаат еднакви можности за развој. Ова е инвестиција во нивната иднина, но и во иднината на целата заедница.“

Право на аплицирање имаат сите жители на општина Ѓорче Петров кои за првпат полагаат возачки испит, согласно утврдените критериуми. Повикот е отворен, а сите заинтересирани можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на општината:
https://opstinagpetrov.gov.mk/javen_povik_subvencioniranje_vozacki_2026/

Општина Ѓорче Петров останува посветена на политики што носат реални придобивки и директна поддршка за граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни