Инженерите од „Крушик“ кои шпионираа за фирма од Македонија добија притвор!

Тројца поранешни и сегашни инженери во холдинг компанијата „Крушик“ добија мерка притвор до 30 дена за кривичното дело шпионажа за фирма од Македонија.

Оваа одлука доаѓа на предлог на Вишото јавно обвинителство во Ваљево

Се вчитува...

„Нивниот притвор е одреден во вторникот за да не се обидат да уништат, кријат, менуваат или фалсификуваат докази и да не влијаат врз сведоците, како и да не го повторат кривичното дело во краток временски период“, соопштиле од Обвинителство.

Претходно осомничените биле сослушани во обвинителството.

Во акцијата на српската БИА, срспкото обвинителство и српската полиција се уапсени М.О. (1987), Д. Л. (1960) и Д. М. (1961) сите од Ваљево.

„Тројцата приведени инженери биле ангажирани во оваа акција со која е нанесена голема штета на државната и воената безбедност на Србија“, велат тамошните медиуми.

Третоосомничениот Д.Л., признал дека соработувал со фирмата „АТС груп“ од Македонија, која произведува оружје и воена опрема. Според сознанијата, докази за индустриска шпионажа се пронајдени на повеќе лаптопи, USB-стикови и телефони.

Во обвинението се наведува дека во текот на 2024 година, лицата континуирано контактирале со државјани на Северна Македонија, вработени во компанијата „АТС груп“, на чело со Шевкет Демировски.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера коментирајќи го апсењето на инженерите, рече дека ова трае многу долго и дека се спроведува од сите страни.

„Ова трае долго време, го прават од сите страни. Го следиме долго време. Точно знаеме за кого станува збор, преку кого тоа одело и кој бил и кој требало да биде крајниот корисник. Северна Македонија е проточен бојлер, точно е едно од тие лица, но е проточен бојлер кон некои други служби во регионот“, изјавил Вучиќ за српските медиуми.