Свет

Иран одговори: Ова е заговор, не планиравме атентат врз Трамп

Иран одговори: Ова е заговор, не планиравме атентат врз Трамп

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багај денеска изјави дека се неосновани тврдењата дека Иран планирал атентат врз новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека тоа е заговор со цел да се усложни прашањето меѓу Техеран и Вашингтон.

Багај потсети дека истите тврдења против Иран биле отфрлени во минатото и дека е докажана нивната неточност, пренесе иранската агенција ИРНА.

Три лица се обвинети за серија наводни заговори за атентат поврзани со Иран, а Фархад Шакери е обвинет за заговор за атентат врз новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп како одмазда за убиството на командантот на елитните ирански сили Кудс, генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад на аеродромот во Багдад во 2020 година, се вели во кривичната пријава незапечатена во Њујорк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни