Исчезна 12-годишно девојче во Хрватска

Дванаесетгодишното девојче Амела Јелениќ исчезна вчера во местото Годињак кај Нова Градишка во Хрватска.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годишњак, Хрватска.

Се вчитува...

Девојчето е високо 155 сантиметри, кафени очи, а бројот на нејзините стапала е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини пруги и бели тениски чевли.

Таа вчера исчезнала во непознат правец во Годињак и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со постара фотографија од исчезнатото 12-годишно девојче.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица.

Информациите можете да ги доставите и на е-маил адресата: nestali@nestali.hr“, соопшти хрватската полиција.