Објавувањето на фотографијата од новата табла поставена во близина на граничниот премин Блаце, на која пишува „Добредојдовте во Република Северна Македонија“, предизвика дебата меѓу политичките партии на социјалните мрежи, бидејќи на неа недостасуваше албанскиот јазик. На неколку метри од границата, Јавното претпријатие „Државни патишта“ вчера поставила две табели, но на двете недостасувал албанскиот јазик. Само по неколку часа, табелите се отстранети.
„Ниту 24 часа не опстана информативната табла овде кај граничниот премин Блаце, каде што пишуваше „Добредојдовте во Северна Македонија“, но недостасуваше албанскиот јазик. Беше поставена на македонски, англиски и француски јазик. По притисокот на јавноста на социјалните мрежи, сега гледаме дека е поставена постара табла, на кој пишува и на албанскиот јазик“, вели репортерот на ТВ21.
Запрашан за овие табли, првиот вицепремиер Изет Меџити вели дека овој случај има врска со обиди за дестабилизација на ДУИ. Вели дека таблата ја нарачал поранешниот директор на претпријатието „Државни патишта”, Ејуп Рустеми.
„И овој случај е тенденција за дестабилизација. ВРЕДИ го покри срамот на ДУИ. Таму е поставена таа табла врз основа на тие 2 км кои беа одолговлекувани. Врз основа на проектот што го водеше Ејуп Рустеми, реагиравме институционално и преку ноќ се исправи грешката на оние кои со години правеа вакви грешки“, вели Меџити.
Во врска со оваа реагираа од ДУИ.
„Нарушувањето на албанскиот јазик, државното знаме, правичната и соодветна застапеност, изборниот легитимитет, балансерот, срамот пред Албанија, Косово и сред Вашингтон, законот за бранители, се резултат на влегувањето во владата како губитник и како миленик на ВМРО. Невистинити, неосновани и шпекулативни се обвинувањата на губитниците дека таблите на автопатот Скопје – Блаце ги нарачал претходното раководство на Јавното претпријатие за државни патишта“, велат од ДУИ.
Но, таблите поставени вчера во близина на граничниот премин Блаце не се единствените каде што недостасува албанскиот јазик. Додека патувавме таму, наидовме на некои табли поставени пред неколку години, каде што недостасуваше албанскиот јазик. Информациите беа на македонски и англиски јазик.
Коалицијата ВРЕДИ денеска соопшти дека заменик-директорот на компанијата „Државни патишта”, Назим Таипи ќе спроведе внатрешна истрага за конкретниот случај, за да потврди дали се работи за техничка грешка или за намерна провокација со политичка позаднина.

