Свет

Исчезнаа шефовите на Хамас: Го напуштија Катар и ги исклучиле телефоните

Исчезнаа шефовите на Хамас: Го напуштија Катар и ги исклучиле телефоните

Неколку лидери на Хамас го напуштиле Катар и заминале на непозната локација, пишува „Џерусалим пост“.

Се вели дека ги исклучиле мобилните телефони или едноставно не одговараат на повиците.

Претходно беше објавено дека Салех ал-Арури, висок член на Хамас, ја напуштил својата вообичаена резиденција во Бејрут и отишол во Турција.

Да потсетиме дека конфликтот меѓу Хамас и Израел започна на 7 октомври, а досега се убиени повеќе од 18.000 луѓе од двете страни.

Генералното собрание на ОН денеска гласаше за хуманитарен прекин на огнот во Газа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни