Исчезната е 71-годишната Василка Трајкова, доколку ја забележите пријавете во полиција!

Велешанката Василка Трајкова (71) исчезнала на 14 јануари. Таа излегла од дома околу 17 часот, а последен пат била видена помеѓу Стариот мост и Градски пазар. Била облечена во темно сива јакна, сини пантолони и црни чизми.

Нејзиниот сопруг пријавил исчезнување на 15 јануари во полиција. Од СВР Велес потврдија дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

„На 15.01.2025 во 09.00 часот во СВР Велес, Д.Т.(77) од Велес пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга В.Т.(71), лице со здравствени проблеми“, соопштија од СВР Велес, од каде додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии со апел за помош од јавноста.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното