Анел Кршо е застрелан во денешното пукање во Сараево на шеталиштето Вилсон, дознава порталот Radiosarajevo.ba.
Кршо бил застрелан од Нихад Сарајкиќ, кој испукал најмалку 16 куршуми во жртвата.
„Околу 16 часот и 50 минути во шеталиштето Вилсон на подрачјето на општина Центар било употребено огнено оружје. Во таа прилика смртно повреден е маж, чија смрт на местото на настанот констатирал лекар од Итна медицинска помош. Човекот кој го употребил оружјето е под контрола на полицијата“, изјавија претходно од МУП.
Во тек е истрага на местото на настанот, а присутен е и дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантон Сараево.