Истанбул станува водечка светска конгресна дестинација

Истанбул се издигна како водечки играч на меѓународниот пазар на конгреси, привлекувајќи значајни конференции и корпоративни настани. Со своите современи конгресни центри, премиум хотелски синџири и иновативни урбани развојни проекти, Туркије ја зацврстува својата водечка позиција во индустријата.

Покрај богатата историја и уникатна местоположба, Истанбул додава уште еден адут во  својата туристичка понуда, создавајќи нови стандарди во современиот конгресен туризам. Минатата година 23 милиони туристи го посетиле Истанбул, со што градот е на второто место на листата на десет најпосетувани градови во светот. Разновидното богато културно историско минато и спојот на истокот и западот, Michelin-star ресторани, живописен ноќен живот и луксузен шопинг, се само дополнителен атрибут на конгресниот туризам во Истанбул.

Во насока на зајакнување на позициите и градење на можности за континуиран раст, беше иницирана соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, која ги обединува клучните фактори од овој сектор. Целта на оваа соработка е унапредување на процесот на аплицирање, зголемување на учеството на делегати и обезбедување сеопфатни пакети за поддршка на меѓународните конгреси во Истанбул и во другите атрактивни туристички локации во Туркије.

Оваа иницијатива е предводена од Министерството за култура и туризам, Агенцијата за промоција и развој на туризмот на Туркије (TGA), Општина Истанбул, Стопанската комора на Истанбул, Бирото за конвенции и посети на Истанбул (ICVB), Turkish Airlines, Pegasus Airlines, Хотелската асоцијација на Туркије (TUROB), како и двата најголеми аеродроми во градот – ИГА Истанбул и Сабиха Гокчен (SAW).  Клучен аспект на оваа иницијатива е најавената Јавна и приватна декларација на индустријата, формален ангажман на сите партнери за активно привлекување, поддршка и олеснување на организирањето на значајни меѓународни конгреси во Истанбул. Оваа декларација ја нагласува посветеноста за создавање деловна и пријателска средина за динамичен развој на оваа специфична туристичка гранка во Истанбул и Туркије.

Оваа соработка се фокусира на креирање на сеопфатен пристап за конгресниот туризам, нудејќи им на организаторите целосна поддршка. Во рамките на новиот пристап предвиден е поедноставен и унифициран процес на аплицирање, промоција и поддршка при маркетинг кампањи за зајакнување на имиџот и видливоста на конгресите и зголемување на бројот на учесници и пакети за поддршка, односно финансиски и логистички стимулации и зголемување на атрактивноста на Истанбул како светски центар за оваа индустрија.

Истанбул не е единствена дестинација кој нуди уникатни можности за конгресен туризам. Иновативниот пристап, солидната инфраструктура и одличните туристички капацитети ги позиционираат високо на листата на локации за конгресен туризам и другите центри во Туркије, како Анталија или луксузниот Бодрум и други локации низа целата земја.

Сончевата Анталија со повеќе од 300 хотели со пет ѕвезди, преку 175.000 конгресни седишта, значајна туристичка инфраструктура и природно историски знаменитости е домаќин на бројни меѓународни конференции. Токму во Анталија се одржа еден од најпрестижните собири во светот Самитот Г20.  Не помалку атрактивна локација е луксузниот Бодрум каде покрај другата понуда, градот изобилува со одлични инфраструктурни можности за конгресен туризам и голема туристичка понуда од која се издвојуваат плажите. Рангиран како град со највисок квалитет на живот во Туркије, Измир, покрај  богата историја и исклучителна кулинарска сцена, има одлични можности и за конгресен туризам. Кападокија или нереалната убавина од соништата е вистински избор за оние кои сакаат во деловното патување да го вклучат и уникатното искуство на овој предел. Хотелите во Кападокија нудат незаборавен амбиент за интимни состаноци и ексклузивни корпоративни одмори.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното