Истекува рокот, четири кандидати се пријавиле за наследник на Љупчо Коцевски

Од Собранието информираат дека за наследник на актуелниот Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски, се пријавиле четири лица.

Сите четири кандидати поднеле документи за јавниот оглас за избор на нов јавен обвинител.

Коцевски во декември поднесе оставка на функцијата непосредно пред Собранието да го разреши. До изборот на нов шеф на обвинителите во земјава, за вршител на должноста е назначена Анита Тополова-Исајловска, досегашната заменичка на Коцевски.

Собранието на 12 јануари распиша оглас и со тоа започна постапката за избор на нов Државен јавен обвинител.

Пријавување трае 15 дена од денот на објавувањето на огласот во „Службен весник“.

Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.