Македонија

Истепан контролор на ЈСП

Истепан контролор на ЈСП

Вработен во ЈСП Скопје пријавил дека бил физички нападнат додека ја извршувал својата работа како контролор за наплата на билети. Инцидентот се случил вчера околу 08:20 часот во Скопје.

Според пријавата, 42-годишниот контролор затекнал патник без важечки билет, по што лицето, идентификувано како О.А. (61), започнало со закани и физички напад. Контролорот успеал да се повлече во друг автобус, но на следната постојка бил повторно нападнат, овојпат од истото лице заедно со уште две лица.

Случајот е пријавен во полиција и се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Овој инцидент повторно го отвора прашањето за безбедноста на контролорите во јавниот превоз, кои во секојдневното работење се соочуваат со ризици при извршување на своите службени обврски.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни