Нов историски подвиг за македонскиот спорт и алпинизам! Д-р Сашко Кедев, утрово во Пакистан, успешно се искачи на врвот Гашербрум I (8.080 м) и со тоа стана првиот Македонец кој ги има освоено сите 14 врвови над 8.000 метри, како и највисоките врвови на секој од седумте континенти.
Искачувањето се случи во 10:44 часот по локално време, како дел од експедицијата на „Imagine Nepal“, предводена од искусни непалски водичи. Покрај Кедев, на врвот се искачија Ванг Жонг од Кина, како и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
„Ова е круната на долгогодишната алпинистичка кариера на д-р Кедев – со Гашербрум I тој го затвори кругот од сите 14 осумилјадници, нешто што ретко кој во светот го има постигнато,“ соопшти тимот на „Imagine Nepal“.
Гашербрум I, познат и како Hidden Peak, е 11-тиот највисок врв на планетата и важи за еден од технички најтешките. За Кедев, ова беше последниот предизвик во неговиот алпинистички маратон, започнат пред две децении.
Со ова, д-р Кедев влегува во тесниот круг на најелитните светски алпинисти – луѓе кои успеале да ги освојат:
Сите 14 врвови повисоки од 8.000 метри, и сите највисоки врвови на седумте континенти (т.н. Seven Summits, меѓу кои Еверест, Аконкагва, Денали и Килиманџаро).
Со денешниот успех, Македонија добива свој пионер во светскиот врв на алпинизмот, а д-р Кедев уште еднаш потврдува дека границите постојат само за да бидат поместени.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Зајкова на Скопски маратон: Не трчаме само за гласови, трчаме за иднината