Историска посета на Ципрас на Халки

Грчкиот премиер, во 11,30 часот по локално време ќе пристигне на Халки, ќе ја посети Теолошката семинарија која од 1971 е затворена од турските власти, грчкиот премиер го започна вториот ден од посетата на Турција.

Во Грција оваа посета се смета за историска, со оглед на тоа дека Алексис Ципрас ќе биде првиот грчки премиер од 1933, што ќе го посети Халки.

Паралелно ќе оствари средба и со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх, во петокот за време на литургија рече дека „посетата на Халки на премиерот на Грција има особена симболика“.

Извор: ТВ21