Историски договор: Netflix го купува Warner Bros за рекордни 72 милијарди долари

Историски договор, Netflix се согласи да го преземе студиото и стриминг-бизнисот на Warner Bros за рекордни 72 милијарди долари, јавуваат светските агенции. Овој потег се очекува да го трансформира Холивуд и забавната индустрија.

Стриминг-гигантот го објави своето намерение да стане нов сопственик на Warner Bros, откако понуди по 27,75 долари по акција на матичната компанија Warner Bros Discovery.

Хит серијата на Netflix „Adolescence“ ќе се прикажува во француските училишта

Серијата ги следи последиците од фаталното прободување со нож на ученичка, откривајќи ги опасните влијанија на кои момчињата се изложени онлајн.

Извршниот директор на Netflix, Тед Сарандос, изјави:

„Нашата мисија отсекогаш била да го забавуваме светот. Со обединување на неверојатната библиотека на филмови и серии на Warner Bros – од вечни класици како ‘Казабланка’ и ‘Граѓанинот Кејн’, до модерни наслови како ‘Хари Потер’ и ‘Пријатели’ – со нашите хитови како Stranger Things, KPop Demon Hunters и Squid Game, заедно можеме да ѝ понудиме на публиката повеќе од она што го сака и да помогнеме во обликувањето на следниот век на раскажување приказни.“

Аналитичарите коментираат дека договорот носи неизвесна иднина за CNN, кој засега е во сопственост на Warner Bros. Според најавите, новинската мрежа ќе биде издвоена во нова, независна компанија.

Александар Велики со машки љубовник во нова серија – Грција револтирана

Во почетокот на февруари Netflix ја претстави новата документарна драма за владетелот.

Слична судбина претходно ја снајде и MSNBC, кој беше „издвоен“ во независна корпорација откако матичната компанија Comcast беше преземена од Skydance – сопственикот на Paramount. Каналот беше ребрендиран во MS NOW и денес се соочува со неизвесна иднина поради опаѓачката ТВ-аудиторија и падот на рекламните приходи.

Warner Bros поседува некои од најемблематичните франшизи – „Хари Потер“, „Игра на тронови“ и вселената на DC Comics, вклучувајќи го „Супермен“. Компанијата ги поседува и ТВ-каналите HBO, Discovery и CNN.

Конкурентното студио Paramount исто така достави понуда за Warner Bros, но отпадна со значително пониска цена – 24 долари по акција.

CNN официјално го отпушти водителот Крис Куомо

Одлуката се темели на „нови информации“ дека му помагал на својот брат да се оправда од обвиненијата за сексуално вознемирување.

Планираното мегаспојување меѓу Netflix и Warner Bros најверојатно ќе биде подложено на строг надзор од антимонополските регулатори поради загриженост дека новиот медиумски гигант ќе добие преголем пазарен удел и ќе стане монополист.

Сепак, од Warner Bros Discovery и Netflix изјавуваат дека очекуваат договорот да биде одобрен во рок од 12–18 месеци.