Историски ниска излезност на локалните избори – под 50 проценти од гласачите излегоа на гласање

Изборите за градоначалници и советници во првиот круг годинава ја забележаа најниската излезност досега – само 46,63 проценти од граѓаните со право на глас излегоа на гласачките места.

Според податоците од Државната изборна комисија, од вкупно 1.832.415 избирачи, гласале 854.620.

Ова е првпат во македонската изборна историја излезноста во прв круг на локални избори да не го надмине прагот од 50 проценти.

  • 1996 година – 60.20 проценти
  • 2000 година – 59.00 проценти
  • 2005 година – 56.00 проценти
  • 2009 година – 57.90 проценти
  • Највисока излезеност имало 2013 година – 67.00 проценти
  • 2017 година – 59.50 проценти
  • 2021 година – 52.70 проценти

Освен опаѓањето на излезноста, забележан е и рекорден број на неважечки ливчиња – 49.957.

Аналитичарите го толкуваат овој тренд како јасен сигнал за растечка апатија и незадоволство кај гласачите, но и како предупредување до сите политички партии за потребата од поголема мобилизација и доверба во институциите.

Локалните избори продолжуваат со втор круг во општините каде што ниту еден кандидат не успеа да обезбеди мнозинство во првиот круг.