Истражување: Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголеми шанси да бидат дебели од невенчаните мажи

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување. Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.

Истражувачите заклучиле дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина тогаш се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.

Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од невенчаните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.

Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.

Ризикот исто така се зголемува со возраста

Студијата заклучи дека ризикот од дебелина се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, пак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пишува dpa.

Дебелината (прекумерна тежина, дебелина) се дефинира со индекс на телесна маса од најмалку 30, а прекумерна тежина со индекс од 25 до 29,99.

Истражувањето го водела докторката Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава. „Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното