Италија бара од Гугл 1 милијарда евра неплатени даноци

Италија бара од Гугл да плати една милијарда евра неплатени даноци и казни, седум години откако американската компанија го реши големиот даночен спор со римските власти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на три извори со директно знаење за ова прашање.

Изворите велат дека италијанската агенција за приходи започнала процес со Гугл кој би можел да заврши или со спогодба или со правна постапка.

Истрагата, започната во декември 2022 година, го опфаќа периодот од 2018 до 2022 година, изјави еден од изворите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното