Италијанско обвинителство: Амазон не плати ДДВ, должат 1,2 милијарди евра

Италијанските обвинители покренаа истрага за да утврдат дали Амазон ја дели одговорноста за неплаќање на ДДВ за онлајн продажбата, што го лиши државниот буџет од 1,2 милијарди евра приход, изјавија денеска два упатени извори.

Државното обвинителство на Милано и даночната полиција истражуваат тројца менаџери и европската филијала на Амазон со седиште во Луксембург за можна даночна измама при онлајн продажбата во Италија од 2019 до 2021 година, велат изворите.

Земајќи ги предвид казните и каматите, вкупната сметка на Амазон може да се искачи на три милијарди евра.

Минатата година во јули Италијанците од Амазон конфискуваа околу 121 милион евра

Според изворите, алгоритмот на Амазон им дозволува на продавачите кои не се членки на ЕУ, главно Кинези, да продаваат стоки во Италија анонимно, што им овозможува да избегнат плаќање данок на додадена вредност (ДДВ). Според италијанскиот закон, одговорноста за неплаќање на ДДВ има и посредникот чија онлајн платформа за тргување ја користи продавачот кој не е член на ЕУ.

Амазон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за истрагата. Во јули минатата година, италијанската финансиска полиција превентивно конфискуваше околу 121 милион евра од италијанската филијала на Амазон врз основа на истрагата на државното обвинителство за можна даночна измама и експлоатација на работници.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното