На нашите простори после извесно време женското дете доколку не најде сопруг добива епитет „стара мома“.
Така девојките со одредени години често се среќаваат и со прашањата „Кога ќе се мажиш?“.
Истото прашање често се поставува и кај нивните мајки, воглавно од „загрижените“ сосетки кои сакаат да го „туркаат“ носот каде што не му е место.
Токму ваква ситуација и се случила и на Сања од Сплит, која се одлучила на очаен потег – во една продавница во трговскиот центар поставила оглас „Барам зет за да се спасам од ќерката! Услови: Никакви, само носи ја. Итно“.
Госпоѓата се потпишала како Сања, а на потенцијалниот зет му оставила адреса и број.
— Pluton (@Pluton45873221) July 18, 2021
