Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Ивановски: Сигурен сум дека не само роботи, туку по некое време ќе има мисии, и ќе има луѓе кои ќе поминуваат повеќе време таму отколку што моментално се во вселенската станица!

Ивановски: Сигурен сум дека не само роботи, туку по некое време ќе има мисии, и ќе има луѓе кои ќе поминуваат повеќе време таму отколку што моментално се во вселенската станица!

Иван Ивановски смета дека развојот на автономните системи и роботиката ќе овозможи многу побрза експанзија на човештвото во вселената отколку што досега се мислеше.

Според него, првиот чекор ќе биде воспоставување бази на Месечината, по што следува и проширување кон Марс, каде роботите ќе бидат клучни за изградба и одржување на инфраструктурата.

„Прашањето не е дали, туку кога. Во следните пет години е сосема можно да имаме функционални бази на Месечината со роботска поддршка,“ истакна тој.

Ивановски додава дека идните мисии ќе бидат комбинација од роботи и луѓе, но дека роботите ќе ја преземат најопасната и најкомплексната работа, додека човечкото присуство постепено ќе се зголемува, особено во контекст на идниот вселенски туризам кој се очекува по 2030 година.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни