Македонија

ИЗБЕГНАТА ЕКСЛОЗИЈА: Пациент на скопските клиники кој бил на кислородна поддршка запалил цигара

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара.

Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија.

Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди.

Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни