4NEWS.mk

Изет Меџити нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир

 Изет Меџити е новиот претседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Меџити, кој беше единствениот кандидат номиниран за претседател на овој огранок, доби едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир.

– Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните, рече новоизбраниот претседател на огранокот на ДУИ Изет Меџити.

Присутен на Изборното собрание беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни