Изгледа како колиба, а чини 750.000 фунти

Иако изгледа како колиба, сепак оваа куќа од северен Лондон од внатре е нешто сосема друго и истата чини само 750.000 британски фунти (околу 885.000 евра).

Имено, оваа мала, однадвор куќичка внатре има многу повеќе простор отколку што се чини, бидејќи има „сокриен“ долен кат.

На тој кат има кујна, дневна соба, а скалите водат и до две спални соби и две бањи, како и складиште. Зад куќата има мала патека, што претставува дополнителен простор.

Куќата има површина од 73 квадратни метри.

Јавниот превоз, исто така, е многу близу, како и продавниците во околината, рестораните и паркот Клисолд.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.