Изгоре семејна куќа во Куманово, причинета голема материјална штета

Семејна куќа на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ во Куманово изгоре во пожар синоќа, при што беше предизвикана значителна материјална штета.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот избувнал околу 20:55 часот, а на терен веднаш излегле пет пожарникари со две противпожарни возила.

Огнот зафатил приземен дел од објектот, предизвикувајќи голема штета. Интервенцијата на пожарникарите траела до 23:15 часот, кога пожарот бил целосно локализиран.

Причината за пожарот, како и точната висина на материјалната штета, допрва ќе се утврдува.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното