Најмалку две лица загинаа, а многу други се сериозно повредени во пожарите кои беснеат низ областа на Лос Анџелес, соопштија пожарникарите во средата, додавајќи дека илјадници луѓе мора да бидат евакуирани.
„За жал, имаме двајца загинати цивили и имаме многу сериозни повреди“, им рече на новинарите шефот на пожарникарите во Лос Анџелес, Ентони Мароне.
I just left the hellscape formerly know as Pacific Palisades where I’ve lived for 26 years. I’m mad at what I saw. Our politicians have failed us. Unprepared, unimaginative, understaffed, now overwhelmed. Heads must roll for this disaster. I personally saw 100+ homes fully… pic.twitter.com/8txvSJEZXd
— Wes Nichols (@wesnichols) January 8, 2025
Тој додаде дека околу илјада домови се уништени во населбата Пацифик Палисадес меѓу крајбрежните градови Санта Моника и Малибу. Тоа е област во која живеат многу филмски и музички ѕвезди. „Имаме повеќе од 2.000 хектари кои изгореа и огнот е се посилен“, изјави Мароне.
Pacific Palisades this morning….pic.twitter.com/3DJTKBgsO8
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 8, 2025
Мароне нагласи дека моментално нема доволно пожарникари во округот Лос Анџелес за да се борат со неколку истовремени големи пожари, објави Ројтерс. Пред да избие пожарот, Националната метеоролошка служба го издаде своето највисоко предупредување за екстремни услови за пожар во поголемиот дел од округот Лос Анџелес од вторник до четврток.
Поради малата влажност и сувата вегетација поради недостигот на дожд, условите беа идеални за ширење на пожарот. Топлите ветрови, типични за зимата во Калифорнија, во среда би можеле да налетаат и до 100 милји на час, соопшти метеоролошката служба. Ова може дополнително да ги разгори пожарите и да биде фатално.