Излезе новата сезона на серијата „Squid Game“: Нови игри и непредвидливи заплети

Најпознатата корејска драма денес, Squid Game, конечно стигна до втората сезона! Сите фанови на оваа глобално популарна серија сега можат да ги гледаат сите седум нови епизоди кои пристигнаа на Нетфликс.

Втората сезона го носи враќањето на главниот јунак Ги-Хун (Ли Јунг-јае), познат како Играч 456, кој уште еднаш се враќа во убиствената игра со јасна цел – да го запре овој ужасен и безмилосен систем на натпреварување.

Сепак, ќе се соочат со предизвици и мистериозниот фронтмен (Ли Бјунг-хун), додека новите правила на игра ги тестираат силите и моралот на учесниците, пренесува Zaphetna.hr.

Три години по неговата победа, Ги-Хун одлучува повторно да влезе во играта за да ги открие тајните зад организацијата, според директорот Хванг Донг-Хјук. Нови играчи, интригантни игри и непредвидливи заплети ве очекуваат во сезона која ветува уште поголема напнатост и емотивни моменти.

Со номинација за Златен глобус за најдобра драмска серија, втората сезона на Squid Game веќе е во центарот на вниманието. Ако сте подготвени за уште една рунда на хорор за преживување, вклучете го Нетфликс и гледајте како Ги-Хун ја продолжува својата борба за правда – и опстанок.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното