Излезноста на гласачите во првиот круг од Локалните избори 2025 до 10:05 часот изнесува 3,04 проценти, покажуваат првичните податоци од Државната изборна комисија.
Досега, своето право на глас го оствариле 48.414 граѓани.Овие податоци се добиени врз основа на обработени информации од 3.044 од вкупно 3.474 избирачки места, односно 87,05% од сите избирачки места во државата.Право на глас на овие избори имаат вкупно 1.832.415 граѓани запишани во Избирачкиот список.Гласањето започна утринава во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот.
Од ДИК претходно информираа дека сите избирачки места се отворени навремено и дека процесот на гласање се одвива без проблеми. Следниот пресек за излезноста се очекува во текот на денот.