Излезноста до 11:15 часот е 9,30%

Државната изборна комисија на прес-конференција ги соопшти резултати околу излезноста до 11:15 часот.

Како што велат, вкупно гласале над 150 илјади лица, односно 9,30%.

„До 11:15 минути пристигнати се податоци за излезеност на гласачките места од 3139 избирачки места. Гласале 154.275 граѓани односно 9,30%“

Oпштини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Крива Паланка 16, 85, Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15, 27, Дебрца 15,76, Демир Капија, 15, Кратово 16,16, , ККрушево 16,97, Пробиштип, 17,64, Ранковци, 15,5, додека пак со најмаласе општините Сопиште 3,93 проценти, Центар Жупа, 4,89 проценти, Боговиње, 4,48 проценти и Врапчиште, 2,54 проценти.