Во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“, денеска во Кавадарци се одржува изложба на ретки олдтајмери од сите краишта на државата.
Меѓу околу 70-те изложени возила, посебно внимание привлекуваат неколку ретки примероци кои за првпат се изложуваат во градот, од кои најстариот е произведен пред дури 98 години, а други два се стари 90 и 86 години.
Како што изјави Кирил Димитров Урошев од авто-мото клубот организатор, учесниците се автомобилски ентузијасти кои посветено се грижат за овие возила, зачувувајќи ги како значаен дел од техничкото и културното наследство што сведочи за историскиот развој на автомобилизмот.
Настанот е во организација на Локалната самоуправа на Кавадарци.