Измамен брачен пар од Скопје – им ветувале државно финансирање за купување стан, па на рака им дале над 800 илјади денари!

Во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од околу 824.000 денари.

Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на правно лице од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30% од вкупната сума на чинење на истиот и дека останатите 70% ќе бидат платени од државни пари.

Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното