Измамена 87-годишна скопјанка – дала 6.000 евра за ќерка и да не оди во затвор во Канада!

На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати.

Како што е пријавено, парите ги оставила на претходно договореното место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното