Свет

Измамник убедил 80-годишна Јапонка дека е во вселената и дека му требаат пари за кислород

Измамник убедил 80-годишна Јапонка дека е во вселената и дека му требаат пари за кислород

Осумдесетгодишна жена од Јапонија испратила пари до измамник кој ѝ рекол дека астронаут е заглавен во вселенски брод и дека му требаат пари за да купи кислород.

Тие воспоставиле контакт во јули преку социјалните мрежи. Измамникот ѝ кажал на жртвата, која живее на северниот јапонски остров Хокаидо, дека е астронаут и тие продолжиле да ја развиваат својата онлајн врска.

Измамникот на крајот ѝ рекол дека „моментално е во вселената на вселенски брод“ и дека е „под напад и му е потребен кислород“.

Полицијата во Хокаидо соопшти дека жртвата, која живее сама, потоа била убедена да префрли околу еден милион јени (5.800 евра) на сметката на измамникот. Полицијата верува дека станува збор за „романтична измама“ во која измамниците ги искористуваат луѓето што бараат љубов.

Полицијата ги предупреди луѓето дека треба да бидат сомничави ако лице што го запознале преку интернет им побара пари.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни