Онлајн измамите продолжуваат да се зголемуваат. Сè повеќе се јавуваат случаи на обиди за измама преку лажни линкови кои се праќаат преку пораки и меилови, а кои водат до лажни страници кои се користат за крадење на лични податоци или финанасиски средства.
До редакцијата на 4news пристигна меил, кој бил испратен од измамниците, а се претставува како порака од Комерцијална банка.
Надлежните институции апелираат до граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на измами кои се вршат преку електронска пошта и пораки.
Во случај на сомнителни меилови или пораки, потребно е да се контактира со соодветните институции за да се пријави измамата.
За да се заштитите, експертите препорачуваат редовно ажурирање на безбедносните програми на вашите уреди, внимателно прочитување на пораки и линкови, и секогаш да се користат официјални канали за контакт со компаниите и банкарските институции.