Израелската војска објави отворање на „нова привремена рута за премин“ за евакуација на жителите од градот Газа, каде што Израел започна голема копнена офанзива.
„Сообраќајот ќе биде дозволен по улицата Салах ал-Дин, а потоа јужно од Вади Газа“, изјави портпарол на армијата на социјалните мрежи X.
Тој рече дека „во оваа фаза, рутата ќе биде отворена само 48 часа“ – од 12:00 часот на 17 септември до 12:00 часот на 19 септември.